Каран Рагарајан кој работи како хирург во британската Национална здравствена служба објаснил зошто носењето ракавици наместо редовното миење на рацете може да доведе до поголем ризик.
“Носите ракавици, во супермаркет сте, допирате работи – еве ги…микроби”, вели докторот во видеото.
-Во текот на денот со истите ракавици допирате уште повеќе работи. Собирате микроби. На вашите ракавици сега има повеќе микроби отколку што би имало доколку ги миете рацете секој пат, истакнал Рагарајан додавајќи дека со истите ракавици го допирате воланот, но и нив кога ги менувате.
“Само мијте ги рацете, бидете разумни, останете безбедни”.