четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

И мажите имаат комплекси: За овие теми тие најчесто лажат!

И мажите имаат комплекси: За овие теми тие најчесто лажат!

Опседнувањето со изгледот и слични работи не е резервирано само за жените. И мажите имаат стравови, несигурности, а во некои случаи и комплекси поврзани со некој аспект од нивниот изглед, појава, начин на живеење, однесување и слично.

Кога ќе се појават вакви несигурности, некои го кријат тоа подобро од другите и имаат формирано одбранбен механизам во кој некогаш употребуваат и лаги.

Во тинејџерските години машките најчесто лажат дека се постари за да им се допаднат на девојките, а кога ќе влезат во четвртата деценија почнуваат да лажат дека имаат 30 и нешто.

Ова се најчестите комплекси, односно причини за кои мажите најчесто лажат:

Висина

Еден од најчестите комплекси кај мажите е токму висината. Мажите со понизок раст честопати се чувствуваат несигурно покрај убавици во вртоглаво високи потпетици. Дури и ако е очигледно колку се високи, ако ги прашате, ќе додадат некој сантиметар во одговорот.

Финансии

Повеќето мажи се чувствуваат помоќно кога се финансиски ситуирани. Тоа уште повеќе важи ако сметаат дека спаѓаат во групата на средно или малку привлечни мажи. Во разговор со жена за која се заинтересирани, мажите често лажно ја претставуваат својата финансиска состојба со цел да остават впечаток на стабилен и ситуиран иден партнер.

Козметика

Повеќето мажи би рекле дека не користат речиси никаква козметика, но сѐ повеќе мажи користат многу повеќе производи од гел за туширање, дезодоранс и гел за бричење. Најчесто сметаат дека тоа ги прави помалку „мажествени“, па не би признале јавно дека користат маска за лице, балсам за усни или регенератор за коса.

Сексуална активност

Сексуалната моќ е многу силно оружје, особено во „машки муабети“. Токму поради тоа во машко друштво најчесто паѓа лагата за бројот на сексуални партнерки или колку често имаат секс. Мажите исто така често ја зголемуваат бројката на жени со кои имале секс пред потенцијалните партнерки за да остават впечаток на „искусни љубовници“.