понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

И мажите сакаат комплименти, еве за што да ги пофалите

И мажите сакаат комплименти, еве за што да ги пофалите

Истражување на канадски научници покажа дека мажите најмногу сакаат да добиваат пофалби на сметка на нивниот физички изглед.

Околу 52 проценти од испитаниците сметаат дека им годи кога кај нив жените забележуваат нова кошула, џемпер или мирис на нов парфем.

На листата посакувани комплименти се најдоа и следните работи:

Шарм

Дури 40 проценти од мажите уживаат во пофалбите на сметка на нивната смисла за хумор, бидејќи сметаат дека тоа е афродизијак за жените.

Мажественост

Колку и да се силни и самостојни мажите сакаат да им кажувате пофалби за нивната мажественост, сакаат да слушнат дека се способни, мажествени и дека го имаат тој заштитнички потенцијал.

Возачки способности

Секој маж сака неговите возачки способности да бидат пофалени. Затоа одвреме-навреме пофалете го партнерот дека добро вози или нагласете дека одлично се паркира , се разбира ако очигледно не е лош во тоа.

Деловни амбиции

Работата е важна за машката самоувереност, па затоа немојте да штедите убави зборови кога ќе направи нешто важно, кога некој проект успешно ќе го заврши или кога напредува во кариерата.