Мажите кои земаат голема доза на витамини Б6 и Б12 се соочуваат со поголем ризик за добивање на рак на белите дробови, покажа истражување спроведено на универзитетот Охајо Стејт.
Истражувањето покажало дека ризикот е за 30 до 40 отсто поголем кај мажите кои ги земаат овие витамини одделно, а не преку мултивитамински препарати.
Се покажало дека овој ризик се зголемил поради тоа што пушачите внесувале значително поголема доза на витамини од препорачаната, тврди авторот на ова истражување Теодор Браски, епидемиолог на Охајо Стејт.
Тој верува дека станува збор за синергија на голема доза на витамини, пушење и ризик од рак на белите дробови кај мажите.
Ризикот кај мажите пушачи кои користат голема количина на витамин Б6 е три пати поголем за добивање на рак на белите дробови во следните шест години, во однос на оние кои не го користеле овој витамин.
Додека пак за витаминот Б12, ризикот од рак на белите дробови е четири пати поголем.
Зголемувањето на ризикот за добивање на оваа болест не е забележан кај жените, ниту кај оние кои го користат витаминот Б9.