Од дебелина која е едноставно предизвикана од преголем внес на калории, до дебелина предизвикана од слаб метаболизам или реакција на глутен- во причината лежи и решението.
Не е секое дебелеење исто, како што не се исти ниту неговите причини. Поголемиот дел од луѓето имаат променлива тежина во текот на животот- од послаби до подебели фази. Но, токму оној дел од телото каде салото се „фаќа“ укажува и на вистинската причина на дебелеењето.
Научниците идентификуваат шест различни предизвикувачи на дебелеењето.
1. Неактивност
За овој тип е специфично дебелеењето во горниот дел од телото – од колковите па се до лицето. Причината, освен она очигледното, е внесување на премногу калории, седечки стил на живот и премалку движење.
2. Дебелеење поврзано со храната
Во овој тип на дебелеење килограмите првенствено се фаќаат околу половината. Тоа е показател за прекумерното уживање во нездравата храна – продукти полни со шеќер, сол и масти.
3. Дебелеење поради тегоби
Во третиот тип на дебелеење, мастите прво и најмногу се таложат на подрачјето од горниот дел на стомакот до колената, а на удар се и нозете и задникот. Според експертите, најчест предизвикувач е повременото прејадување, но и тегобите и депресијата. Имено, телото во таква состојба е во „приправност“ и на тие подрачја складира резерви. Почесто е кај жените.
4. Венски проблеми
Венската циркулација е една од причините за дебелеење која во својата основа е зависна од генетиката повеќе од животните навики. Кај собирањето на сало исклучиво во подрачјето на стомакот голема улога играат гените. Со намален проток на крв низ тоа подрачје доаѓа до забавување на метаболизмот. Работата ја влошува и уживањето во алкохолот, а вежбањето е единствено решение.
5. Атерогенско дебелеење
Кај ваквиот тип на дебелеење, вишокот се прима на долниот дел на телото, од задникот до нозете. Причината е исто така генетска и се сведува на лоша циркулација, а се зголемува и поради животните навики – премалку сон, помалку движење. Може да дојде и до отекување на нозете. Треба да се одбегнува кофеин и алкохол.
6. Глутенско дебелеење
Во овој тип на дебелеење каде салото се собира од градите до колковите, како и по задната страна на грбот. Најчеста причина е лошата реакција на глутен. Почеста е кај жените, а се појавува и во периодите на хормонални проблеми.