Многу луѓе, особено оние кои живеат во куќи се соочуваат со мравки во внатрешноста на домовите.
Ова се некои трикови кои може да ги пробате и да видите кој од нив ќе ви помогне да ги отстраните овие инсекти од вашиот дом.
Креда
Ова е еден од поефикасните трикови. Ставете малку креда во прав на местата од каде влегуваат мравките или подвлечете линија со кредата на влезот. Таа ќе служи како бариера за да влезат.
Лимон
Исцедете лимон или ставете кора од лимон на местата од каде мравките доаѓаат. Подовите може да ги измиете со вода во која има лимонов сок. Мравките не ја сакаат миризбата на лимонот, па ќе стојат подалеку од вашиот дом. Се што е кисело и горко може мравките да ги држат подалеку, но секој шеќер е нивен најдобар пријател.
Портокал
Портокалот е ист како лимонот и ги држи мравките подалеку. Направете паста од една чаша топла вода и неколку кори од портокал. Намачкајте ја оваа паста околу влезните точки и избришете потоа.
Бибер
Мавките мразат бибер. Истурете на влезните точки во домот. Исто така можете да направите мешавина од бибер и вода и да испрскате во близина на местата од каде тие влегуваат.
Сол
Кујската дол е еден од најдобрите и најевтини начини природно да ги отстраните правките. Користете обична сол. а се што треба е во зовриена вода да додадете голема количина сол и да мешате додека не се растопи. Испрскајте околу нивните влезни точки.
Алкохолен оцет
Мравките не го поднесуваат мирисот на алкохолниот оцет. Подгответе течност со еднаква количина вода и оцет. Додадете некое етерично масло и измешајте. Со оваа течност испрскајте на местата од каде мравките влегуваат. Повторете еднаш дневно.
Цимет
Стацете цимет во прав околу влезните точки. Се верува дека помага бидејќи мравките не сакаат силен мирис, а циметот го има.