Поединечни истражувања тврдат дека годишната доба во која е родено вашето дете во голема мера влијае на неговото здравје и развој. Еве за што станува збор.
Студиите покажаа дека жените што живееле во 19-от век, а се родиле на пролет, живееле подолго од оние родени во зима. Значи ако вашето бебе е родено на пролет, постои голема веројатност да доживее и правнуци.
Од друга страна, децата родени на пролет почесто заболуваат од сезонски болести за разлика од малечките што на свет дошле за време на силна зима и со тоа се стекнале со посилен имунитет.
Пролетните бебиња во просек ги има повеќе од зимските и поретко страдаат од нарушување во однесувањето, што се доведува во врска со будењето на природата. Освен тоа, луѓето родени во пролетните месеци се од поведра природа и ретко заболуваат од депресија.
Раст и развој на „пролетните бебиња“
Бидејќи во пролет сè цвета и расте, многу е важно максимално да го искористите тој момент и да ја збогатите исхраната на вашето дете. Тоа значи многу свежо овошје и зеленчук.
За разлика од зимските деца, чија исхрана главно се состои од млечни производи и јаглехидрати, бебињата родени во пролет можат да уживаат во мноштво свежи плодови.
Докажано е дека децата што во раното детство јадат многу свежо овошје и зеленчук поретко заболуваат од срцеви болести и дијабетес кога ќе пораснат.