Неодамнешното истражување на Универзитетот во Квебек носи интересни резултати за колегијалноста на мажите и жените на работа – две жени на различни позиции во компанијата полошо ќе соработуваат отколку двајца мажи.
Сепак, кога се на иста позиција жените немаат таков проблем и можат да остварат подобра соработка. Покрај тоа, ова истражување ја потврди и претходната теорија дека жените од понизок хиерархиски ранг потешко соработуваат со оние од повисок ранг.
Од друга страна, мажите полесно ќе кажат што мислат, а жените ќе остават да се развие љубомора.
Истражувачите дојдоа до заклучок дека проблемот настанува кога една жена е помоќна од друга, а тоа укажува на недостаток на доверба на двете страни.
„Тоа значи дека талентираната и образована жена при доаѓањето во нов колектив ќе има помала поддршка отколку мажот“, изјави Бренсон. Во овој случај, како што стои во заклучокот, нема воопшто да и биде полесно дури и ако нејзиниот надреден е маж.