сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Изберете една од овие бои и заблескајте: 3 совршени природни нијанси за усни кои ќе ви донесат уште поголема самодоверба

Изберете една од овие бои и заблескајте: 3 совршени природни нијанси за усни кои ќе ви донесат уште поголема самодоверба

Ако сте љубители на кармини кои имаат „земјена“ завршница, тогаш изберете една од нашите препораки

Еден од впечатливите делови на лицето што жените често го нагласуваат и сакаат да го свртат вниманието кон него се секако усните.

Со шминката на усните, во зависност од нијансата, жените ја истакнуваат својата енергија, став, но и одговараат на настаните каде што се поканети. Кога станува збор за некои свечени пригоди, жените знаат да изберат црвен кармин, односно „појаки“ нијанси, тука е и розовата, но најчесто за висок гламур се бира црвената.

Како што велат некои девојки за себе, не на сите им стојат интензивните нијанси, па често се држат за кармини од поприродни тонови, т.е. како што се вели народски бираат голи тонови.

Ви носиме три совети како да ги нашминкате усните оваа есен и да ги засените сите со природни нијанси:

Сосема природно нашминкани усни, без врамување на рабовите, па затоа е додадена само боја која содржи благ портокалов подтон

Многу малку природни нијанси со врамени рабови и додаден сјај на центарот на усните

Мат кафени усни кои се совршен избор за девојки со „силен“ став и енергија