вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Измама за Гинис: Најстарата жена на светот мамела, од сомнежот се изненадија сите

Измама за Гинис: Најстарата жена на светот мамела, од сомнежот се изненадија сите

Рускиот математичар Николај Зак и геронтологот Вслериј Новоселов тврдат дека Жан Калмент неоправдано е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстара жена на светот.

Во книгата е наведено дека таа била родена на 21-ви февруари 1875 во францускиот град Арл , а починала на 4 август 1997 во домот за стари лица во родниот град. Но, Зак и Новоселов тврдат дека на тој датум во домот починала постарата ќерка на Жан, 99- годишната Ивон, која го презела идентитетот на својата мајка, откако таа починала во 1934 година.

Според научното списание ResearchGate, Ивон го презела идентитетот на мајка си за да не мора да плати данок на наследство. Руските научници приложиле и докази, како лична карта на Жан и податоците за височината и бојата на косата и очите.

Во случај семејството Калмент навистина да лаже, тогаш најстара жена која живеела на планетава би била Американката Сара Кнаус, која во моментот на смртта во 1999 имала 119 години.