Во летните денови често се случува да има невреме со силни грмежи, па најдобро е да се тргнете на сигурно, никако под дрво, а ако сте дома треба да ги исклучите електричните апарати.
Иако имате громобран, секогаш постои можност оваа природна појава да направи проблем.
Не телефонирајте
Ударот на гром може да дојде преку жица, а дури и мобилните телефони може да ги привлечат, па најдобро би било да не се обидувате да фотографирате молњи.
Избегнувајте капење
Водата спроведува електрична енергија, па затоа капење додека има невреме не е баш добра идеја. Исто така опасно е да се капете и во море.
Заборавете на риболов
Риболов и голф се две најопасни активности што може да ги правите додека грми.
Не се кријте под дрво
Иако повеќето луѓе го прават тоа, сепак не е добра идеја, бидејќи високите дрва привлекуваат громови.
Влезете во автомобил
Иако се од метал, поради својот дизајн, автомобилот е сигурно засолниште додека трае невремето. Ако ги погоди гром, струјата низ металот ќе се спроведе од земјата.
Гумите се добар проводник на електрицитет, затоа останете во својот автомобил.