петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Кога е ОПАСНО да се пие ФЛАШИРАНА ВОДА? Обрнете внимание во продавницата, во овој случај пластиката испушта отрови

Кога е ОПАСНО да се пие ФЛАШИРАНА ВОДА? Обрнете внимание во продавницата, во овој случај пластиката испушта отрови

Дали е поздрава водата од чешма или флашираната вода?

Сите стручњаци ќе ви кажат дека најдобро е да ја пиете онаа што се прочистува со филтри. А дали купената вода може да биде штетна и во кои ситуации, објасни една руска нутриционистка.

„Водата што се продава во продавницата е тестирана и безбедна“, вели Наталија Денисова, руска нутриционистка во Федералниот истражувачки центар за исхрана и биотехнологија.

Сепак, има нешто што може да претставува потенцијален ризик, вели таа.

„Меѓутоа, доколку сончевата светлина падне директно на полицата со флаширана вода во продавницата, тогаш пластиката се загрева. Ако водата е пакувана во евтина пластика, тогаш тоа претставува проблем. Постои опасност дека во овој случај штетните супстанции, вклучувајќи ги и полифенолните соединенија, ќе се испуштат во водата. Доколку постојано пиете таква вода, со текот на времето ќе настанат негативни здравствени последици. А ако водата е газирана, ризикот е поголем. Во овој случај, сончевата светлина дополнително го зголемува ризикот од ослободување на штетни материи од пластика во вода“, објасни д-р Наталија.

Затоа, кога купувате флаширана вода, треба да изберете продавници без природно осветлување и кои ги чуваат продуктите на места каде што сонцето не допира.