Во современиот свет ако сте депресивни или анксиозни веројатно посетувате психолог кој ви помогнува да се изборите со таа ситуација. Џоан Хари, колумнист од Хафингтон Пост се борел со оваа состојба уште кога бил тинејџер.
Неговиот доктор му рекол дека така се чувствува, бидејќи мозокот не му функционира исправно и дека не ги произведува потребните хемикалии.
-Треба да земате лекови и тие ќе ја поправат работата на мозокот, ги практикував неговите совети, бидејќи сакав олеснување. Лекот ми помогнуваше краткотрајно, но болката секогаш ми се враќаше. На крајот земав максимална доза на лекови, а и понатаму чувствував длабока болка, напиша Хари и додаде дека неговата потреба за одговори била толку голема и дека три години ги поминал во истражување на тоа што всушност ја предизвикува анксиозноста и депресијата.
Џоан рекол дека бил изненаден со многу работи кои ги научил. Првата работа која ја научил е дека неговата реакција на лековите била сосема нормална. Депресијата често се мери со Хамилтоновата скала и се движи од нула, кога танцувате во екстаза до 59, кога имате самоубиствени мисли.
-Втора работа која ја научив е дека многу научници веруваат оти целата идеја за тоа дека депресијата е предизвикана од хемиски нерамномерни мозоци е сосема погрешна. Научив дека всушност постојат девет главни причини за појава на депресија и анксиозност, рекол Хари.
Двете причини се биолошки, а останатите седум се предизвикани од секојдневието. Причините се комплетно поразлични и зависат од средината и начинот на живот во кој живеат анксиозните и депресивните луѓе, па поради тоа Светската здравствена организација со години предупредува дека мора да започнеме подлабоко да се занимаваме со причините за депресија.
Една од причините се стресните ситуации со кои луѓето се справувале во минатото, а кои се обиделе да ги потиснат. Тие ситуации се емоционално злоставување или некои лоши работи кои Ви се случиле како дете. Значи, траумата во детството е една од главните причини за депресија.
-Ако сте имале седум категории од трауматични настани како дете, вашите шанси се 3.100 % поголеми дека ќе се обидете да се самоубиете како возрасна личност, а повеќе од 4.000 % дека ќе употребувате антидепресиви, рекол Хари кој таква траума имал уште кога бил дете кога некој се обидел да го задави со кабел.
Тој се обиде даде одговори на прашањата зошто таквите настани доведуваат до самодеструктивно однесување. Вели дека тоа е така поради тоа што поголемиот дел од луѓето сами се обвинуваат за она што им се случило и дека се срамат од тоа.
Значи, депресијата и анксиозноста главно се предизвикани од трауматични настани од минатото. Поради тоа за да се справите со депресијата прво треба да се соочите со темелните причини, а ослободувањето на чувството на срам е само почеток.