сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Лековита смеса за деца која штити од грип и болести

Лековита смеса за деца која штити од грип и болести

Смесата содржи само природни состојки кои изобилуваат со витамини и минерали, а покрај тоа е вкусна.

Треба точно да се дозира и редовно да се консумира. Со помош на овој препарат ќе го изградите и зајакнете вашиот имун систем и ќе направите заштитна бариера од вирусни инфекции.

Доколку сакате да го подобрите имунитетот на вашите деца, ви го предлагаме овој рецепт:

100 грама суво грозје
150 грама ореви
100 грама бадеми
Кора од два лимони
Сок од два лимони
100 грама суви кајсии
100 грама суви сливи
250-300 милилитри мед

Смелете го јаткастото овошје и изрендајте ја лимоновата кора. Во мешавината додадете го сокот од лимоните, измешајте, па потоа додадете го сувото овошје кое претходно сте го исечкале.

На крај, додадете го медот и повторно измешајте. Смесата складирајте ја во стаклени тегли. Оставете да отстои 1-2 дена на темно и суво место. Потоа чувајте во фрижидер.

На деца од 3 до 5 години давајте по една чајна лажичка дневно пред било кој оброк, а најдобро пред појадок.

На деца постари од 5 години давајте по две лажички дневно, пред оброк.