Уште во првиот период кога на вашето лице ќе забележите појава на брчки мора да преземете нешто за да го спречите нивното создавање.
Ви предлагаме да направите маска за лице од жолчка од јајце.
За подготовка на оваа маска потребни ви се: една жолчка, половина лажичка путер, една лажичка чај од камилица, една лажица мед и една лажица глицерин. Сите состојки измешајте ги заедно и нанесете тенок слој на вашето лице.
По 15 минути измијте го лицето со топла вода.
Глицеринот ја прави кожата нежна, додека камилицата и жолчката ги измазнуваат брчките и ја освежуваат кожата.