среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Маск го предизвика Цукенберг на „борба во кафез“, газдата на Фејсбук веднаш прифати

Маск го предизвика Цукенберг на „борба во кафез“, газдата на Фејсбук веднаш прифати

Сопственикот на Твитер, Илон Маск, денеска почна отворена расправија со првиот човек на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“, со која планира веројатно да му се спротивстави на Твитер.

„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг, без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесува Политико.

Тој додаде дека е за „борба во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „доколку и тој е за тоа“.

Цукерберг експресно му одговори на Инстаграм, пишувајќи: „Испрати ми ја локацијата“.