Омикрон може да создаде и други проблеми како што се еректилна дисфункција, болка во органите за репродукција која може да завриши со хоспитализација.
Иако многумина не веруваат дека после прележан ковид може да се намали пенисот, научниците предупредуваат дека сепак тоа е можно.
Додека омикрон сојот е во полн замав научниците испитуваат како тој влијае врз човекот. Според нив, најчести симптоми се осип на кожата и влошување на видот, а почнаа да се појавуваат и приказни дека може да се намали пенисот.
Иако е поблага варијанта на оригиналниот вирус, сепак, омикрон може да создаде и други проблеми како што се еректилна дисфункција, болка во органите за репродукција која може да завриши со хоспитализација.
Оштетување на крвните садови
Иако ковидот се смета за респираторна болест, тој ги напаѓа и крвните садови. Вирусот навлегува во нивните клетки и ги спречува органите да функционираат правилно.
Научниците од Мајами откриваат дека ни пенисот не е лишен од овие оштетувања предизвикани од ковид.
Долготрајна ерекција
Иако ова не изгледа како проблем за многу мажи кои би сакале да се покажат во кревет, сепак ваквите ерекции предизвикани од ковид можат да траат со часови и со денови.
Ваквите случаи мораат да се третираат медицински со директна инекција во половите органи за да се намали притисокот што може да доведе до одумирање на ткивото и трајна дисфункција.
Еректилна дисфункција
Од почетокот на пандемијата лекарите предупредуваат на овој проблем.
– Самите крвни садови кои можат да се воспалат можат да предизвикаат опструктивен феномен и негативно да влијаат на ерекцијата. Вирусот прави воспаление на крвните садови, а кога тие се оштетени страда и кардиоваскуларниот систем што е витален за нормалното сексуално функционирање – објаснува д-р Рајан Берлунд, уролог од Охајо.
Смалување на пенисот
Иако процентот на случаи е мал, сепак не е занемарлив. Кај 5% од заболените се јавува намалување на пенисот. Научниците сметаат дека ова е поради штетата што ја прави ковид врз крвните садови.
– Вистината е дека еректилната дисфункција доведува до намалување на пенисот – вели Елшли Винтер, уролог од Портланд.