Студентка на која докторите ѝ предвидувале само неколку месеци живот поради сериозната ситуација со анорексијата, сега е вистинска инспирација за многу девојки ширум светот.
Кони Инглис (23) од Велика Британија се борела со анорексија уште од 10-годишна возраст и во текот на долгогодишната борба со оваа болест, три пати завршувала во болница комплетно истоштена.
Таа стигнала до тежина на 5-годишно девојче и воопшто не се грижела дали ќе живее или ќе умре, единствената цел ѝ била да симне што повеќе килограми.
Сега сака на другите кои се соочуваат со овој проблем да им ја испрати пораката дека без разлика колку и да им изгледа тешко во моментов, може да биде подобро.
Таа има 87.000 следбеници на Инстаграм. Постојано става фотографии од себе на кои веќе изгледа здраво и насмеано. Кони ја покажува позитивната страна на закрепнувањето, а не сета агонија која ја носи тоа.