среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Момче со аутизам си го запозна својот херој: „Поради тебе ова дете повторно зборува“! (ВИДЕО)

Момче со аутизам си го запозна својот херој: „Поради тебе ова дете повторно зборува“! (ВИДЕО)

Тони Старк уште ги инспирира фановите.

За време на неговиот ангажман во шоуто на Елен  во вторникот, Роберт Дауни Јуниор имаше можност да се запознае со еден од неговите најголеми обожаватели, 10-годишното момче со аутизам чија љубов кон Iron Man му помогнала да ја врати способноста да зборува.

Малиот Винсент ја изгубил способноста да зборува кога имал 12 месеци, а на 4-годишна возраст му бил дијагностициран аутизамот.

Потоа, откако добил на подарок маска со Iron Man на возраст од 6 години, му се вратила можноста за зборување.

Сето тоа било благодарение на маската од суперхеројот.