Едно момче е снимено додека пее песна за исчезнатото британско девојче Медлин Мекен. Во бизарниот текст на песната, тој нагласува дека детето се наоѓа во неговиот замрзнувач.
Сем Кларк (26), објавил видео од својот братучед на Фејсбук, како пее и свири во Њукасл.
Момчето во својата песна го пее следново: „Знам каде се наоѓа Медлин Мекен. Таа е во мојот фрижидер, во замрзнувачот. Таа е во мојот фрижидер, до замрзнатата пица. Направив неколку сендвичи од неа, Медлин Мексендвичи“.
Додека момчето пеело, неколку луѓе го гледале, слушале и се смееле, а сето тоа е забележано на видео снимката.
Многумина на социјалните мрежи ја осудија оваа снимка, а некој човек истакнал дека полицијата мора да го приведе за испрашување, пренесува „Daily Mail“.
„На сите ова им е смешно, но од каде да знаеме дека таа навистина не се наоѓа во неговиот замрзнувач, покрај пицата“, рекол истиот човек.
Друг пак, истакнал дека е изненаден што никој не го удрил по носот додека го пеел тоа.
Малата Медлин имала три години кога исчезнала, за време на летниот одмор во Португалија, додека нејзините родители вечерале во близина.
Таа исчезнала во 2007-ма година, од апартманот кадешто спиела со братот и сестрата. Минатиот месец детективите побарале повеќе пари за истрагата да продолжи.
Погледнете го видеото во продолжение: