понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија: Едногодишно девојче се удави додека родителите правеле вечера на брод

Трагедија: Едногодишно девојче се удави додека родителите правеле вечера на брод

Девојче од Нов Зеланд кое имало само една година, се удавило додека нејзините родители подготвувале вечера на брод за време на семеен одмор на Фиџи.

„Додека ја најдовме, веќе беше доцна“, напишал семеен пријател на страницата за собирање средства за покривање на трошоците за авионскиот пат од Фиџи до Нов Зеланд, како и за погребот на девојчето (1).

Тој додаде дека Махина била прекрасно, весело и насмеано дете кое ги сакало водата и животот на бродот.

Махина си играла на палубата на бродот додека нејзините родители Марк и Кири подготвувале вечера во кујната.

Тие верувале дека Махина била безбедно врзана со ремен на палубата на бродот и во тоа време гледала цртан филм.

-Кога се вратиле на палубата, не ја нашле таму и очајно ја барале додека не ја виделе како лебди во морето, објави The New Zealand Herald.

Кога виделе дека нивната ќерка паднала во водата, набрзина излегле на брегот да побараат помош, но никој не можел да и помогне.

Полицијата во Фиџи соопшти дека Махина можеби се ослободила од појасот и завршила во водата. Случајот е под истрага.

Министерството за надворешни работи соопшти дека е запознаено со случајот и понуди помош на семејството.