среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

МОЖНО Е: Во овие 10 градови се живее без стрес

МОЖНО Е: Во овие 10 градови се живее без стрес

Компанијата „Зипјет“ спровела студија во која ги рангирала светските градови врз основа на разни податоци, а со цел да дојде до листата на градови кои се најмалку стресни за живот.

На прво место се наоѓа Штутгарт – град во кој секојдневниот живот поминува без никаков стрес.

За да дојде до конечниот резултат во 500 светски градови се разгледувани следните фактори:

Град: густина на населението, зелени површини, сообраќај, сончеви денови, перцепција за сигурност, јавен превоз.

Загадување на околината: загадување на воздухот, загадување од врева.

Финансии и невработеност: долг по глава на жител, социјална сигурност и семејна купувна моќ.

Население: ментално здравје, телесно здравје и рамноправност на половите.

Ова е листата на 10 светски градови ослободени од стрес:

1. Штутгарт

2. Луксембург

3. Хановер

4. Берн

5. Минхен

6. Бордо

7. Единбург

8. Сиднеј

9. Грац

10. Хамбург