среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

На 114 години почина најстарата личност во САД

На 114 години почина најстарата личност во САД

Леси Браун од американската сојузна држава Охајо, која лани наполни 114 години, и за која се веруваше дека е најстарата личност во САД, почина вчера, соопшти нејзиниот внук Роналд Вилсон.

Браун живееше со својата ќерка во градот Кливленд Хајтс. Таа е родена е во септември 1904 година во американската сојузна држава Џорџија и пораснала на фарма. Во Кливленд се преселила со семејството на 18 години. Тука го запознала и нејзиниот сопруг со кого имаа пет деца.

Таа велеше дека нејзиниот живот бил толку долг по Божја волја, додека пак, нејзините блиски тоа го припишуваа на нејзиниот здрав начин на исхрана.

Браун стана најстара личност во САД откако нејзината врсничка, 114-годишната Делфина Гибсон од Хантингтон во Пенсилванија, почина на 9 мај 2018 година.

МИА