И покрај тоа што поминаа стотици години од потонувањето на „Титаник“, многумина од нас многу добро ја познаваат трагичната приказна, најмногу заради истоимениот филм на Џејмс Камерон од 1997-ма година.
За да му оддаде почит на овој епски брод, 10-годишно момче со аутизам, Брињар Карл Бигисон од Рејкјавик, Исланд, одлучил да изгради неверојатна реплика од ЛЕГО.
Му требаа на момчето околу 700 часа и 56,000 коцки, но крајниот резултат се исплати – репликата на Брињар е најголемата изградена, досега.
Сега, 7 години подоцна, тинејџерот сподели колку овој проект влијаеше врз неговиот живот.
Брињар Карл Бигисон изгради џиновска ЛЕГО реплика на Титаник на само 10-годишна возраст.
Во неодамнешното интервју за „Bored Panda“, Брињар рече дека играњето со ЛЕГО отсекогаш било важен дел од неговиот живот бидејќи поради лошите социјални и комуникациски вештини, тој секогаш морал да игра сам.
-Додека градев со ЛЕГО, ја користев и развивав својата имагинација и креативност, рече тинејџерот.
„Не се сеќавам на чувството на осаменост, јас бев премногу зафатен со нешто да се занимавам. Научив сè што требаше да знам за бродот и потоа еден ден сфатив дека сакав да ја изградам репликата“, рече Брињар.
Очигледно, тој не можел да го гради долгиот модел од 7 метри сам и требаше да убеди некои клучни луѓе во неговиот живот да му помогнат.
Неговиот дедо Лули, му помогнал да создаде специјални упатства засновани на вистински планови за „Титаник“. Мајката на Брајњар му помогна да создаде страница за финансирање, за да може да собере пари што му беа потребни за да купи ЛЕГО.
„Исто така, ми беше понуден простор во магацин да го градам моделот и доаѓав секој ден после училиште и градев по 3-4 часа, 11 месеци, сè додека конечно не го завршив моделот LEGO Titanic“, рече тинејџерот.
Денес Брињар ги поминува своите лета работејќи на траект што ги носи луѓето на островот Вишие и се надева дека ќе стане капетан еден ден.
„Ми беше дијагностициран аутизам кога имав 5 години и страдав многу додека растев и навистина немав пријатели затоа што бев лош со комуникацијата“, рече тинејџерот. „Денес, имам навистина одлични пријатели и ги развив своите комуникациски вештини и немам никаков проблем со тоа“.
Брињар вели дека е многу благодарен што неговата приказна може да послужи како инспирација за децата и родителите чии деца биле дијагностицирани со аутизам кои се исплашени за иднината. „Знам дека семејството ми беше загрижено и тоа е сосема нормално затоа што тие имаа стереотипи за аутизмот, но, заеднички научивме многу за аутизмот “, објасни тинејџерот.