Си бил еден крал кој ги собрал сите негови мудреци и им наредил да направат прстен на којшто ќе изгравираат натпис со најмоќната порака на светот.
Натписот требало да му помогне во тешките животни моменти и секогаш да го потсетува на доброто кога се чувствува лошо.
Мудреците долго време размислувале што да изгравираат и на крајот кога прстенот бил готов, на него го пишувало следново:
„И тоа ќе помине…“
Звучи многу едноставно, но најчесто убавината и моќта лежат во едноставните работи.
Се согласувате?