недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Направете природен лек против анемија – Одличен за трудници и деца и ја подобрува крвната слика за рекордно време

Направете природен лек против анемија – Одличен за трудници и деца и ја подобрува крвната слика за рекордно време

За време на бременоста, на жените им треба двојно повеќе железо од небремените жени. Поголемите потреби се должат на тоа што бебето треба да се снабдува со кислород и преку организмот на мајката.

Потешка форма на анемија за време на бременоста може да го зголеми ризикот од предвремено породување, раѓање на бебе со мала телесна тежина, но и да го зголеми ризикот од постпородилна депресија.

Доколку се чувствувате слабо и исцрпено за време на бременоста, задолжително спомнете го тоа кај докторот, кој ќе ви ја провери крвната слика и ќе вклучи терапија доколку е потребно. Организмот секако треба да го зајакнете со природни препарати, а има и природен лек кој е одличен за подобрување на крвната слика.

Потребни состојки:
– 200 мл мед
– 200 гр ореви
– 200 гр суво грозје
– 200 мл сок од морков
– 200 мл сок од цвекло
– 2 лимони

Подготовка:
Измијте 2 лимони. Исечете ги на половина и извадете ги семките. Сомелете ги заедно со кората (ако лимонот е испрскан – излупете го) и ставете го во голема тегла.

Во мелениот лимон додадете мед, сок од цедено цвекло и сок од морков и измешајте. Во смесата додадете ситно сечкани или мелени ореви и суво грозје и повторно измешајте сè.

Ќе добиете околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита супстанција. Земете по една лажица три пати на ден, пред јадење.

Чувајте ја теглата во фрижидер.