Станува збор за сируп од кромид, едноставен е за подготовка и може да се користи кај возрасни и кај деца, како лек за кашлица и растечен нос. Кај кашлицата ја намалува количината на слузта или спречува нејзино формирање.
Кромидот е богат со многу состојки и е важен извор на фолна киселина, калциум, фосфор, магнезиум, хром, железо, јод и други елементи.
Кромидот ефективно делува при анемија поради големата содржина на железо. Сирупот од кромид исто така ја намалува температурата.
Подготовка :
Земете две средни главици кромид, излупете го само првиот слој на кората, пресечете ги на 4 делови и ставете ги во 1 литар вода. Во вода додадете и 100 грама кафеав шеќер, а смесата, откако водата ќе зоврие, гответе ја уште 15 минути.
Оставете да се излади и ако вкусот не ви се допаѓа, додадете повеќе мед. Пијте лажица по лажица во текот на целиот ден.
За кашлица, болки во грлото и настинка, повторете ја истата процедура 2-3 дена.