Научниците од Универзитетот во Илиноис направија истражување за тоа кои домашни материјали се најдобри за правење маски и колку тие штитат од вируси.
Во своето истражување, тие споредувале маски направени од 10 материјали за домаќинство, меѓу кои и стара облека или крпи и ги споредувале со вообичаените хируршки маски.
Според резултатите, повеќето материјали од домаќинството помагаат во спречување на вирусна инфекција, односно ги блокираат капките преку кои се пренесуваат вирусите. Дури и кога станува збор за еднослојни маски.
Студијата покажа дека, во лабораториски услови, хируршката маска обезбедува заштита од 96,3 проценти.
Кога станува збор за материјалите од домаќинството, маската направена од памучна блуза составена од 60% памук и 40% полиестер била најдобра. Нејзината заштита од капки е 99,98 проценти, но само кога станува збор за трослојна маска. Со два слоја заштитата е 98,6, а со еден само 43,3 проценти.
Следна по успешност е кујнската крпа која се состои од 85% полиестер и 15% најлон, што запира 97,9% од капките.
Свилениот материјал штити во 92,3 проценти од случаите, а 100% памучната маица во 91,1 процент.
Најлоша била маската направена од облека чија комбинација е 75% памук, 25% полиестер, каде заштитата е само 42,6%.