среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не ги стискајте мозолчињата, си правите огромна штета на лицето – последиците можат да траат со години

Не ги стискајте мозолчињата, си правите огромна штета на лицето – последиците можат да траат со години

Постојат причини зошто не треба да ги пукате мозолчињата, а иако тоа звучи безопасно, оваа лоша навика има посериозни и долготрајни последици.

Дерматолозите откриваат зошто не треба да ги стискаме мозолчињата!

Формирање лузни

Дерматолозите велат дека дури и ако мозолчето изгледа подготвено да пукне, тоа ја крши кожата и остава трага на неа. Исто така посочуваат дека црвената или кафената промена на боја, вообичаено наречена постинфламаторна хиперпигментација, речиси сигурно ќе остане. Тие траги можат да траат и неколку месеци или години, во зависност од типот и тонот на кожата, но и од производите што се користат за нега.

Траума на кожата

Реакцијата на истиснување е отекување на кожата, а може да ја влошите траумата во тоа подрачје, што ги зголемува шансите за лузни. Исто е кога ќе стиснете и ќе се формира краста која не можете да престанете да ја допирате. Таа краста е важен дел од регенерацијата на кожата и прекинувањето на тој процес е најлошото нешто што можете да го направите.

Инфекција

Ако ја допрете кожата со валкани раце или нанесете шминка откако ќе ја стиснете без темелно да го исчистите местото, ризикувате инфекција. Дерматолозите истакнуваат дека инфекцијата не е толку честа, но секогаш може да се случи, а потоа да се појават мали лузни.

Подолго време на регенерација

Дерматолозите објаснуваат дека со стискање на мозолчињата тие нема да исчезнат побрзо, туку сосема спротивно. А освен што нема да ги отстраните од кожата, со стискање ќе добиете и испукана кожа која малку крвари, што секако ќе го продолжи процесот на заздравување.