петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не посегнувајте по таблети: Овие природни лекови против несоница многу ќе ви помогнат

Не посегнувајте по таблети: Овие природни лекови против несоница многу ќе ви помогнат

Доколку постојано барате начин како да ја победите несоницата, а не сакате да конзумирате таблети за спиење, испробајте ги следниве природни лекови.

1. Мускатно оревче

Тоа е зачин кој ќе ви помогне да се опуштите ако сте под стрес. Доколку имате проблем со спиењето, напијте се чај со мускатно оревче пред да си легнете. Само внимавајте да не претерате со внесената количина, бидејќи тоа може да предизвика халуцинации.

2. Камилица

Чајот од камилица одамна е познат лек во борбата против несоницата. Меѓутоа, за навистина да делува, потребно е да биде малку посилен.

3. Лаванда

Маслото од лаванда се користи во ароматерапијата како третман против несоница. Делува многу релаксирачки, а делотворно е и во борбата против мигрената.

4. Хмељ

Хмељот е навистина добар природен седатив, па затоа се користи за смирување на нервите и како природен лек против несоница. Оваа билка ја ублажува нервозата, немирот и стресот, го поттикнува сонот и ги зајакнува нервите.