среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не станува збор за куче или мачка: ОВА домашно милениче носи најголема среќа

Не станува збор за куче или мачка: ОВА домашно милениче носи најголема среќа

Можеби кучето и мачката се најчестите домашни миленици, но кога е во прашање среќата во домот, постои подобар избор.

Во последните децении многу се зборува за фенг шуи како древна уметност, кога станува збор за украсување и внесување предмети во куќата, за кои се верува дека носат среќа, мир и богатство.

А, она за што ретко се зборува, а малкумина го знаат е дека постои домашно милениче кое може да донесе неверојатна количина на добро за целото семејство. Тоа е златна рипка.

Ова животно е високо ценето низ ориенталниот свет и е многу почитувано од будистите бидејќи претставува еден од светите амблеми на Буда.

Па, источните земји цврсто веруваат дека семејствата кои имаат златна рипка во својот дом живеат долг и здрав живот, а Египќаните уште од античко време веруваат дека овој миленик носи среќа на целото семејство.

И во Грција златната рипка е моќен симбол, а само мажените жени добиваат златна рипка како подарок за да имаат среќа во бракот и многу деца. Многумина веруваат дека златните рипки се најмоќниот талисман кој привлекува богатство.

Кинезите веруваат дека златната рипка чува добра енергија во куќата, без која според нивното верување нема мир, благосостојба и пари во ниту еден дом.