петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Не ви помагаат спрејовите против комарци? Направете си го најефикасниот сами!

Не ви помагаат спрејовите против комарци? Направете си го најефикасниот сами!

Секој од нас може да направи спреј што е безбеден за здравјето и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците.

Инсектите обично не нè поштедуваат, па затоа не можеме да ги игнорираме, мислејќи дека ќе се откажат и ќе избегаат. Ние мораме да ги „уништиме“ и ова се прави со помош на домашните препарати на природна база.

Секој од нас може да направи спреј кој е безбеден за нашето здравје и многу ефикасен во борбата против досадните инсекти, особено комарците.

Потребно е само половина литар чист алкохол, 100 грама каранфилчиња и 100 мл масло од рузмарин, бадем или лаванда.

Потопете го каранфилчето во алкохол, покријте го и оставете го да отстои. Смесата мешајте ја наутро и навечер. По четири дена додајте го маслото, добро промешајте и пресипете во шише со распрснувач.

Доволно е неколку капки од спрејот да прснете на телото, да го измасирате во кожата и гледајте како комарците ве заобиколуваат.