Многумина од нас се борат со мозолиња, митесери и поради тоа посегнуваат по скапи производи кои се полни со штетни вештачки материи.
Тие производи често не помагаат, а можат и да ја влошат состојбата.
Наместо тоа, подобро да пробате природни препарати, како што е овој.
Направете крема на едноставен начин која вашето лице ќе го направи чисто, мазно и блексаво:
Потребно ви е:
1 лажичка лимонов сок
1 лажица мед
1 лажица мелен мускатен орев
1 лажица цимет во прав
Подготовка и начин на користење:
Помешајте ги сите состојки во сад и мешајте додека да добиете густа смеса, а добиената крема нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 10 минути. Внимавајте на подрачјето околу очите и устата при нанесувањето на било каква крема.
Додека ја држите кремата можно е да се јави чувство на пецкање, а тоа значи дека таа делува.
Состојките од оваа крема ќе делуваат смирувачки на вашата кожа, а погодно ќе делуваат и на присуството на црвенило.