Во 2011-та година, бебето Фреди беше родено предвреме. Поради вирус, веќе на 2-годишна возраст тој имал сериозни оштетувања на слухот поради кои морал да носи апаратче за слушање.
Три години подоцна, мајката на Фреди, Сара Иверми доби средства за кохлеарен имплант за увото на Фреди.
Фреди одлично го прифатил помагалото, но другите деца започнале да го задеваат.
Мајката на Фреди тогаш одлучила да преземе нешто во врска со тоа.
Сара тогаш решила да му помогне на секое дете кое се соочува со овој проблем. Решила да им ја врати самодовербата создавајќи компанија за модни аксесоари кои се додаваат на апаратчето за слушање. Цвеќиња, пеперутки, суперхерои и херои од цртаните филмови. Децата ги обожаваат!