вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Некои бебиња се раѓаат со коса, некои не – зошто е тоа така ?

Некои бебиња се раѓаат со коса, некои не – зошто е тоа така ?

Едно верување вели дека мајките кои во текот на бременоста имале проблеми со металоидите, ќе добијат бебе со многу коса. Без оглед на тоа дали е ова точно или не, факт е дека некои бебиња имаат коса одма по раѓањето некои не. Научниците сметаат дека постојат повеќе причинители – од генетика до работа на хормоните во текот на бременоста.

Бебињата родени со многу коса би можеле да ја изгубат неколку месеци подоцна, а бебињата без коса по некое време може да им порасне густа коса. Новата коса би можела видно да се разликува од првата.

Генетиката има улога
Иако научниците не се 100 отсто сигурни зошто некои бебиња се раѓаат со коса, а некои не, сепак веруваат дека гените имаат влијание врз тоа. Косата обично почнува да расте околу триесетата недела од бременоста.

Мајчински хормони
Нивото на хормони за време на бременоста е високо, а тоа исто така може да влијае на растот на косата на бебето.
На ќелавите бебиња не им недостига нужни хранливи состојки.
Ако вашето бебе се роди со многу малку коса или ќелаво, тоа не е причина за загриженос. Во редовните прегледи во првата година од животот педијатрите ќе го пратат развојот.

Губиток на коса кај бебиња е нормално
Повеќето новореденчиња губат дел или пак цела коса во првите шест месеци од животот. Вообичаено е да губат коса поради триење на скалпот со површината на која спијат. Таквие триења ќе бидат помалку застапени кога ќе почне бебето да седи, а не само да лежи, пишува „Bright Side“.
Некои бебиња постепено ја губат косата а нова коса истовремено им расте, додека некои прво ја губат својата новородена коса целосно, а потоа растат нова коса.