петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Необична трагедија во Италија: Човек починал кога врз него паднале пити кашкавал

Необична трагедија во Италија: Човек починал кога врз него паднале пити кашкавал

Еден Италијанец настрадал под повеќе од илајда пити кашкавал кои паднале врз него откако се откачила полица во магацин во Ломбардија.

Падот предизвикал домино ефект при што се урнале 25.000 пити кашкавал, кои се тешки по околу 40 килограми.
„Џакомо Кјапарини (74) почина откако се откачила полица во неговиот магацин во Ломбардија“, изјави пожарникарот Антонион Дуси за агенцијата АФП.

Дуси наведе дека било потребно 12 часови да биде извлечено телото на Кјапарини.

Некои пити паднале од височина од речиси 10 метри, а еден локален жител изјавил за италијанските медиуми дека уривањето на питите звучело како грмотевица.