Стефана, Дарија, Урош и Ања утрово се родија во Цетиње во интервал од два часа. Во целава „приказна“ не би било ништо необично доколку овие 4 деца не ги родија 3 сестри.
Истовремено во болница во Цетиње се породиле Оливера, Јасна и Јелена.
Прва, во 9 часот се породила Оливера, која на свет ја донела Стефана, потоа Јасна ги родила близнаците Урош и Ања, а во 11 часот се породила и третата сестра Јелена со малата Дарија.
Мара доживеала необична и ретка среќа за два часа да добие 4 внучиња од своите три ќерки.