петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Никако немојте да ги заборавите: ОВИЕ неколку работи се неопходни за време на летувањето

Никако немојте да ги заборавите: ОВИЕ неколку работи се неопходни за време на летувањето

Во екот на подготовките за долгоочекуваниот одмор, секој од нас се труди да спакува се што му e потребно.

Веднаш по пристигнувањето на дестинацијата, многумина од нас сфаќаат дека не спакувале баш се што им треба. За да ја спречите оваа ситуација, ве советуваме да започнете со пакување на време. Нека биде барем неколку дена пред патувањето.

Дополнително, не би било лоша идеја да направите список, на чиј врв ќе ги напишете најосновните работи. Дополнително, добро би било да ги донесете и следните неколку, бидејќи не ретко се случува да притребаат за време на одморот.

Собни папучи

Иако ги има во многу хотели, луѓето генерално може да се чувствуваат непријатно да носат хотелски папучи, коишто ги носел некој пред нив. За движење низ просторијата, собните папучи ќе ви бидат навистина корисни. Подобро е да ги земете со себе, отколку да проверите со стапалата колку темелно е исчистен тепихот во просторијата.

Тренерки

На одмор секогаш треба да земете комплет тренерки или некоја друга долга и удобна облека со вас. Времето лесно може да се промени.

Козметички прибор

Често го заборавате, но секогаш ви треба. Кога веќе пакувате пинцета и турпија, не би било лоша идеја да понесете и ноктарица.

Заштита од инсекти

Ако барем еднаш сте се бореле со инсекти, знаете колку е залудно. Прашањето е дали во вашето сместување ќе имате мрежи против комарци на прозорците или уреди кои одбиваат инсекти, па секогаш е подобро да понесете таков уред или некој спреј на патувањето.

Крема за изгореници

Освен обична крема со заштитен фактор кој спречува изгореници од сонце, не би било лоша идеја да имате и некој крем кој би требало да ја намали болката, доколку се случи да изгорите.