Според една нова студија, давањето паричен поттик на луѓето да ги постигнат целите за слабеење ги удвојува резултатите и слабеењето.
Истражувачите следеле губење на тежината на 668 дебели возрасни луѓе во Њујорк и Лос Анџелес во период од шест месеци. Целта била учесниците да ослабат 10 килограми.
Студијата, објавена во JAMA Internal Medicine, покажа дека две третини од учесниците ја постигнале својата цел кога им биле понудени пари како награда, додека оние без паричен поттик изгубиле половина.
Учесниците во истражувањето биле на возраст меѓу 18 и 70 години и потекнуваат од домаќинства со просечен приход помал од 40.000 долари годишно. Мнозинството – 80 проценти од нив – биле жени. Студијата била спроведена од ноември 2017 до мај 2021 година.
Истражувачите ги поделиле учесниците во три групи, им дале задача да изгубат 5 проценти од нивната телесна тежина и по случаен избор им доделиле стимулации. Тие вклучуваат: стимулации насочени кон целта, стимулации засновани на исходи и група без поттик. Сите учесници биле вклучени во програма за да им помогне да изгубат тежина.
На учесниците им биле платени 150 долари за регистрирање и присуство на најмалку половина од неделните сесии на програмата за управување со тежината во текот на еден месец, а добивале 60 долари месечно доколку продолжат да присуствуваат барем на половина од неделните сесии на програмата.
Просечната сума заработена во групата насочена кон целта била 440,44 долари со просечно губење на тежината од 4,4 килограми. Во групата фокусирана на исходот, тие заработиле во просек 303,56 долари и изгубиле во просек 4,8 килограми.
Оние од групата без финансиски стимулации изгубиле 2,2 килограми во текот на студискиот период.