среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Од родителите наследуваме и работи кои не се убави: Од таткото наследуваме рак, од мајката ќелавост

Од родителите наследуваме и работи кои не се убави: Од таткото наследуваме рак, од мајката ќелавост

Прв на листата е високиот холестерол, за што во целост можеме да го „обвиниме“ семејството, тврди американската генетичарка Шивани Назарет.

Едно од 500 лица имаат генетска мутација која е предизвикувач на семејна хиперхолестеролемија – наследна болест на срцето која може да биде предизвикана од преран срцев или мозочен удар“, открива Назарет и додава дека заболениот од семејна хиперхолестеролемија не може да го регулира холестеролот кој поради тоа се таложи во вените.

Не помагаат дури ни ригорозни диети или физичка активност, бидејќи во овој случај гените си го направиле своето.

Додека двајцата родители можат да бидат виновни за високиот холестерол, ракот на дојка се наследува од таткото, а ќелавоста ја наследуваме од мајката.