Сигурносните камери на еден приватен имот на Филипини снимиле една навистина драматична сцена.
8-годишната Бриела Миниа играла пред својот дом, кога се појавиле 4 машки лица, кои се претставиле како продавачи на ДВД цедиња.
Три маскирани лица му пришле на нејзиниот татко, кој токму тогаш се враќал од работа во бел џип и му впериле пиштол. Му барале пари, додека четвртиот разбојник влегол во нивниот дом.
Откако крадците го ограбиле домот, почнале да бегаат низ дворот, а единствената личност која се испречила помеѓу нив и нивните мотори, била токму Бриела.
На видеото се гледа како таа го удира крадецот кој пред некој момент држел пиштол во рацете, а потоа брзо ја отвара торбата која ја носел, додека парите паѓаат на земја.
Бриела после тоа се обидела да ги собере украдените пари и предмети, но за момент потоа покажала уште поголема храброст тргнувајќи да ги брка крадците.
Се обидела да ги спречи да побегнат со моторите, но во тоа не успеала. Еден од крадците ја турнал на земја, а девојчето добило грабаници на лицето.