вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ОВАА билка е природен дијазепам

ОВАА билка е природен дијазепам

Магнолијата е украсна билка која го намалува стресот и ја лекува несоницата- тврдат многу познавачи на алтернативната медицина. Од кората на магнолија се прават многу екстракти кои лекуваат анксиозност, депресија, несоница и многу други слични состојби.

Родот магнолија брои повеќе од 80 видови. Екстракт од магнолија редовно се користи во лекување на депресивни состојби, анксиозност и несоница во источните земји како Кина и Јапонија.

Освен нејзините главни лековити својства, магнолијата има и други примени.

Екстрактот од магнолија според многу истражувања се покажал како благодет за кожата. Во нејзиниот состав има многу состојки кои ја штитат кожата, ја хидратираат и ги намалуваат иритациите, односно црвенилата.

Сепак магнолијата е растение кое има првично анти-стрес дејство. Екстрактот од магнолија го намалува стресот на начин што влијае на надбубрежната жлезда, и го намалува лачењето на кортизолот, а намаленото лачење на кортизолот штити од стрес како и од други здравствени проблеми.

Според многубројните истражувања, со сигурност се покажува дека магнолијата освен како украсна билка е и билка која има голем благодет за организмот и треба почесто да се употребува и на нашите простори.