103-годишната Џулија “Хјурикејн” Хокинс ја доби титулата најстара жена која се натпреварувала на американската тркачка патека откако ја завршила трката на 50 и 100 метри на Националните сениорски игри во Њу Мексико.
Таа веќе го држи рекордот во својата старосна група во трка на 100 метри. Иако не го победила својот рекорд, во вторникот претрчала 100 метри за нешто повеќе од 46 секунди.
Но, во понеделникот, Џулија истрчала 50 метри за 21.06 секунди што е рекорд на Сениорските игри за жени во групата на 100-годишни натпреварувачки – таа е првата жена која се натпреварува во оваа категорија.
Пензионираната учителка ја одржува својата кондиција преку повеќе работи – од работа во градината во својот дом во Батон Руж до натпреварувачки предизвици.
-Постојано сум активна. Имам земјиште од неколку хектари на кое постојано работам. Имам 30 бонсаи грмушки од кои некои се стари 40 или 50 години. Тоа ме држи зафатена, вели Хокинс.
Со натпреварувачкиот велосипедизам започнала да се занимава во 80-тите години, учествувајќи на сениорските Олимписки игри. Кога станала единствена натпреварувачка во својата група, нејзините деца предложиле да се испроба и во трчањето.
Нејзините колена, грб и колкови се во одлична состојба, а цврстите нозе ги припишува на велосипедизмот. Но, проблем ѝ предизвикува слабиот вид.
-Постојано се грижам за тоа. Се чувствуваш помалку способен кога ќе се случи нешто такво. Се наведам дека гледам доволно добро за да останам во линијата, изјавила супербабичката.
За својата долговечност, Џулија вели дека главни “виновници” се здравата исхрана и одбегнувањето на цигари и алкохол.