Во текот на денот, со голема брзина ни доаѓаат мисли кои исто толку брзо потоа си одат, а бројните обврски нè тераат да ги завршуваме рефлексно и без многу размислувања.
Токму во оваа атмосфера, исполнета со многу стрес, постојат неколку ситници кои можат да ни предизвикаат големо олеснување барем за само еден момент.
Овие работи ќе ги разберат само ЖЕНИТЕ.
Моменти на олеснување:
1. Кога ќе го соблечете градникот по напорен ден на работа.
2. Кога карминот ќе остане на вашите усни, а не на шолјата кафе.
3. Кога ќе ја тргнете шминката од лицето.
4. Кога ќе ја пуштите косата која долго време цврсто ви била врзана.
5. Кога мислите дека сте добиле циклус на работа или во град, но на крајот ќе испадне лажен знак.
6. Кога ќе отворите нов балсам за усни.
7. Кога мислите дека нешто сте заборавиле, а потоа истото ќе го најдете во вашата чанта.
8. Кога ќе ви тропкаат новите потпетици кои сте ги купиле.
9. Кога ќе се разбудите со добра фризура.
10. Кога мислите дека немате гумичка за коса и потоа одеднаш ќе ја здогледате на масата пред вас.
11. Кога ќе ставите крема за раце.