Постојат многу совети за тоа што треба да им кажуваме на нашите деца, пријатели, партнери и соработници, но често забораваме дека и покрај тоа што ги сакаме нашите родители, некои работи им ги кажуваме премногу ретко, а навистина е потребно да ги кажуваме на глас и тоа што е можно почесто.
Не го чекајте вистинскиот момент, кажете им ги овие работи уште денес!
„Секој ден мислам на тебе.“
Дури и кога сум уморен/а и зафатен/а, се уште мислам на тебе и секогаш ја чувствувам таа посебна врска којашто ја имаме.
„Се гордеам што сум твое дете.“
Можеби не сум го заслужувал/а тоа секогаш, но ти секогаш беше тука за мене. Ти ми даде се и ме научи на се што требаше да знам за да бидам силната и независна личност којашто сум денес.
„Ја ценам секоја работа којашто ја имаш направено за мене.“
Има толку многу мали работи кои ги правеше и кои се уште ги правиш за мене. Не го кажувам тоа на глас, но не значи дека ги земам здраво за готово или дека не ги забележувам. Навистина чувствувам благодарност и не можам да го замислам мојот живот без тебе.
„Те познавам.“
Знам дека никој не е совршен и дека сите сме само луѓе. И ти имаш свои проблеми и тешкотии низ коишто помина, но тоа што си мој родител е најдобриот подарок за мене. Секогаш ме поддржуваше и тоа е причината поради којашто имам сила и храброст да продолжам во животот.
„Ми недостасуваш.“
Многу често имам толку обврски и толку многу работам што немам време да поминам доволно време со тебе. И ми недостасуваш. Знам дека секогаш го сакаше најдоброто за мене. Секогаш ме поттикнуваше да ги остварувам моите цели и да се борам за моите соништа. Затоа и правам се што е во моја можност за да се гордееш со мене.
„Ти ме правиш подобра личност.“
Се немам разочарано себеси и другите. Успеав да бидам љубезна и силна личност, затоа што ти секогаш се трудеше да ме научиш на пристојност и добрина.
„Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата љубов кон тебе.“
Дури и ако сакам да ја искажам мојата љубов кон тебе, ниту едни зборови нема да можат да го направат тоа како што треба.
„Се што мораше да жртвуваш поради мене е запишано во мојот ум и моето срце.“
Секој родител го сака своето дете, но не секој може да го стави детето на прво место, жртвувајќи ги сопствените интереси. Но, вие го направивте тоа. Секоја одлука која ја направи беше во мој интерес.
„Мојот најголем страв е дека еден ден ќе те изгубам.“
Знам дека морам да го прифатам фактот дека нема да живееш вечно. Но, помислата дека ќе останам без тебе ме преплашува. И не знам како да се соочам со тоа.
„Извини.“
Знам дека имам направено многу грешки, но секој пат кога ќе зезнев, учев нешто ново. Извини ако некогаш ти имам нанесено болка. Никогаш не го направив тоа намерно. Сега знам дека на моменти се однесував разгалено.
„Секогаш ќе бидеш мојот најдобар пријател.“
Едноставно си незаменлива личност. Ќе останеш личност со која секогаш ќе сакам да ги споделувам моите посебни моменти.
„Ти си ми херој.“
Ми имаш дадено толку многу среќни спомени и затоа за мене секогаш ќе бидеш херој. Не само што ми имаш дадено живот, туку и беше до мене кога најмногу ми требаше.
„Моите деца секогаш ќе бидат во твојот живот.“
Моите деца никогаш нема да бидат предалеку од тебе. И тие ќе знаат колку се среќни што те имаат во својот живот и ќе ги споделуваат своите среќни моменти со тебе.
„Секогаш ќе бидеш во моето срце.“
Секогаш ќе бидеш во моето срце. Јас ќе ги чувам сите мои спомени со тебе. Знам дека секогаш ќе бидеш покрај мене и секогаш во моите мисли и душа.