четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие пет производи можат да го уништат вашиот сексуален живот

Овие пет производи можат да го уништат вашиот сексуален живот

Она што секојдневно го конзумираме може сериозно да влијае врз нашиот сексуален живот. Покрај производите кои што ни го подобруваат сексуалниот живот, постојат и оние кои не влијаат добро врз вас.

Ова се пет производи кои можат сериозно да влијаат врз вашиот сексуален живот.

1. Сол

Преголемото внесување на натриум е еден од главните виновници за високиот крвен притисок, кој, судејќи по студија од Универзитетот Тулејн, предизвикува еректилна дисфункција која што не може да се третира со лекови наменети за подобрување на либидото.

2. Соја

Студија направена на Универзитетот Харвард открива дека исхраната богата со соја може да доведе до еректилна дисфункција. До ова доаѓа поради тоа што сојата го зголемува нивото на естроген во организмот и го намалува нивото на тестостерон.

3. Конзервирани производи

Во секоја конзерва има Бисфенол А. Мажите кои што се изложени на високо ниво на оваа хемикалија имаат четири пати поголеми шанси да добијат еректилна дисфункција и седум пати поголеми шанси за проблеми со ејакулацијата.

4. Транс масти

Тие се најлош макронутријент за здравјето на кардиоваскуларниот систем, а успешната ејакулација зависи од здравјето на срцето и од неговото правилно работење.

5. Шеќер

Истражувањата покажале дека нивото на тестостерон се намалува и за 25 проценти кога имаме преголемо ниво на шеќер во крвта, а кога нивото на тестостерон се намалува, тоа влијае врз ерекцијата.