Фенг шуи експерти откриваат кои работи не треба да ги позајмувате, бидејќи се верува дека на тој начин може да се пренесе енергија.
Исто така се верува дека може да се пренесат расправии и кавги. Затоа треба да се биде внимателен со позајмување и подарување работи од домот, како и лични предмети.
Позајмувањето на чанта или паричник се смета за неповолно според фенг шуи. Ова се поврзува со одлевањето на пари и неочекувани трошоци. Доколку имате луксузни парчиња облека, ова се однесува и на нив.
Се советува редовно да ја прегледате и средите гардеробата и да го исфрлите она што не го носите и во што не се чувствувате убаво.
Но, овие парчиња гардероба не треба да ги позајмите, туку да ги подарите од срце.
Исто така не е добро на други да ги позајмувате своите папучи, се верува дека тоа може да донесе потешкотии на работа, односно застој во професионалното напредување. Ако не сакате гостите да ви шетаат по обувки, купете неколку пара папучи кои ќе може да им ги понудите.