Неверојатната приказна и трансформацијата на малиот Рајан несомнено вчудоневидуваат. Малото детенце беше на работ на смртта пред три години, а денес е среќно дете згрижено во семејство кое го сака.
Фотографијата, која го покажуваше изгладнуваното детенце како лежи во сиропиталиште во Бугарија, го трогна светот.
За среќа, Присила Морс од Тенеси, го видела малото момче на фотографии објавени на Facebook и знаела дека мора да ги земе нештата во свои раце. Добродушната мајка веќе имала две свои биолошки деца и посвоено девојче со Даунов синдром, но не можела да го остави момчето во таква состојба.
„Еден ден разгледував на Facebook и некој имаше објавено фотографија од мало момче во Бугарија, молејќи некој друг да го земе дома пред да умре. Тоа имаше 7 години. Му ја покажав сликата на мојот маж, кој овој пат не беше толку склон кон посвојување. На момчето му беа потребни МНОГУ медицински интервенции. Во тоа време не ни знаев колку многу, но знаев дека ако речеме ДА, нашите животи никогаш нема да бидат исти. Одлучивме дека неговото преживување е поважно“ – раскажа таа.
Здравствената состојба на момчето, кое го добило името Рајан, била толку трогателна, што и докторите реагирале емотивно.
„Докторите не знаеја како да му помогнат. Влегуваа во собата и започнуваа да плачат, ми се извинуваа и ветуваа дека ќе се обидат да го спасат. Неговата состојба првпат била видена кога луѓето беа ослободувани од концентрационите логори по Холокаустот“ – раскажува посветената мајка.
Добрата вест е што напорите на докторите вродиле со плод. Рајан започнал да напредува.
До ден-денес тој е хранет само преку цевка, но сега, на 10-годишна возраст, тој тежи речиси 16 килограми.