Во 2013 година, сопруга и мајка на шест деца – почина од рак на матката. Нејзиниот сопруг, Александар, останал да се грижи за децата како самохран татко.
Но, само три години подоцна, Александар починал по битка со лимфом – болест опасна по живот.
Најмалата ќерка Дестини имала само 1 година кога ја изгубиле својата мајка, а 4 години кога починал татко им. Бела, Мајкл, Бренда и Милагрос се средни деца. А Саманта, најстарата од семејството Родригез, во тоа време имала 17 години.
Малите браќа и сестри на Саманта биле речиси принудени да бидат земени од центарот за згрижување деца во Флорида. Ова значеше дека тие исто така се изложени на ризик да бидат одделени едни од други, и покрај нивната нераскинлива врска, и да бидат разделени во различни привремени домови.
Кога станува збор за нејзините браќа и сестри, Саманта вели дека секогаш го имала тој неопислив мајчински инстинкт. На крајот на краиштата, таа пораснала додека мајката се грижела за сите нив.
-Научив многу од мајка ми, изјави Саманта за Си-Ен-Ен. -Научив што значи да се создаде семејство.
И така, Саманта донесе неверојатна одлука, сама да ги одгледува своите пет браќа и сестри.
Но, финансиите станале проблем. Саманта требаше сама да ги плаќа сметките, па почна да работи како келнерка додека одеше и на колеџ со скратено време. Требаше да се погрижи децата да бидат облечени, нахранети и однесени на училиште и назад. Дури и немаше автомобил…
Сега веќе девојката има 21 година, се уште балансира помеѓу колеџ и грижа за децата и со заеднички сили успеваат во тоа.
Погледнете го видеото каде Саманта раскажува за нивниот живот и како и покрај се’, таа успева да ги чува и штити нејзините братчиња и сестри, благодатно преминувајќи од една голема сестра во родител: