петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Поради одлука на свекрвата, Британка 27 години посетувала погрешен гроб на сопругот

Поради одлука на свекрвата, Британка 27 години посетувала погрешен гроб на сопругот

Вдовицата Кетлин Волшам од Лондон, го загубила судскиот спор на кој тврдела дека 27 години жалела за својот сопруг на туѓ гроб.

Во 1989 година таа сакала пепелта на сопругот Кирон, кој починал на 33 годишна возраст, да ја растури на гробишта во близина на нивната куќа во Лондон. Истакнала дека сопругот бил клаустрофобичен и се плешел од темнина, па сакал да биде кремиран, а не погребан.

Кетлин и трите деца 27 години ги посетувале гробиштата, но во 2016 година дознале дека гроб со името на Кирон постои на други гробишта во Лондон

Сопругата се сомнева дека нејзината свекрва, која била во лоши односи со синот и снаата, тајна ја земала урната помогната од вработен во гробиштата. Се претпоставува дека урната ја спуштила во гроб за кој знаела само таа и нејзиното семејство. Кога сверквата Ирис починала, гробот со името на Кирон бил откопан по налог на Министерството за правда и внатре била пронајдена урна.

Сопругата ја тужела погребалната компанија тврдејќи дека тие треба да и платата за психичката и емоционална повреда која ја доживеала. Но, судијата ја отфрлил нејзината тужба бидејќи немале докази дека пепелтадошла во погрешни раце или во погрешен гроб. Дополнително немало стручни докази кои би докажале дали содржината на есхумираната урна е со пепел од Кирон.